| четврток, 6 декември 2018 |

Особина што ви гарантира успех во животот – дали ја поседувате?

Голем број на особини влијаат врз нашиот успех, но една од нив е најважна, велат експертите.

steps-to-success

Ако некој досега ви рекол дека сте совесна личност во приватниот живот и во работата, тогаш тоа е добра вест за вас. Свесната личност долгорочно го планира својот успех на сите животни полиња.

Успешните и стабилните луѓе ги красат позитивни особини, од кои најважна е свесноста. Свесните и совесните луѓе се повнимателни кога работата, педантни и сакаат се точно да изработат.

Имаат самодисциплина, организираност, промисленост и желба за успех. Никогаш не доцнат, фокусирани се на извршување на своите задачи и секогаш им помагаат на своите колеги.

Совесните луѓе имаат подобра работа и поголеми пригоди, а тоа го докажува и историјата.

Имаат подобри резултати во школувањето, постабилни љубовни врски, подобро здравје и најчесто не пушат и не пијат.

Тие луѓе секогаш имаат план, ако се случи неуспех, знаат како да се носат со него, вели Брент Робертс, психолог од универзитетот во Илиноис.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top