| четврток, 6 декември 2018 |

Јавен повик за концесија на дивечот на 12 ловишта

До крајот на овој месец трае јавниот повик со кој Владата понудува на концесија 12 ловишта во 5 региони во државата, и тоа: по четири ловишта во скопскиот (ловиштата Елово, Зелениково, Батинци и Говрлево) и дебарскиот регион (ловиштата Стогово, Дешат, Бомово и Баниште), две ловишта во кочанскиот регион (ловиштата Бања и Подлог) и по едно ловиште во струшкиот (ловиштето Велешта) и делчевскиот регион (ловиштето Каменица).

gorgievoglas

Од вкупно 12-те ловишта кои се предмет на овој јавен повик 5 ловишта се за крупен дивеч и тие се доделуваат на концесија за период од 20 години, а 7 ловишта за ситен дивеч и се доделуваат за период од 10 години.

Портпаролот на Владата Александар Ѓорѓиев истакнува дека стопанисувањето со ловиштата претставува основ за профитабилен бизнис и треба да биде искористено од бизнис заедницата.

– Владата спроведува максимално транспарентна постапка, сите заинтересирани субјекти кои ги исполнуваат условите може да ги достават своите понуди до Министерството за земјоделство заклучно со 30 септември оваа година, по што ќе следува и процес на јавно отворање на понудите во присуство на овластени претставници на понудувачите. Откако ќе биде констатирано дека понудите се комплетни, тогаш секој субјект кој конкурирал ќе добие известување за точниот ден и час кога ќе се одржи процесот на јаван елекстронска аукција, каде сите заинтересирани ќе може да наддаваат. Оној кој ќе понуди најголема цена, ќе се стекне со правата и можноста да склучи договор со државата и да стане стопанисувач со ловиштето за кое конкурирал, вели владиниот портпарол.

Овој повик е продолжување на воспоставената пракса на Владата за доделување на дивечот во ловиштата во Република Македонија под концесија во максимално транспарентна и законски нормирана постапка, а со цел планско стопанисување со дивечот, максимално и квалитетно искористување на потенцијалите за развој на ловството во државата, поттикнување на развојот на ловниот туризам преку промоција на македонските ловни капацитети и ресурси како и привлекување на инвеститори во секторот ловство. Истовремено преку овој концепт се обезбедува и континуирано подобрување на бројната состојба со дивечот согласно ловностопанската основа изработена за секое ловиште посебно, дополнително поттикнување за одгледување и населување на дивеч во ловиштата. но и одлична можност за отпочнување на нов бизнис и отворање на нови работни места како во сегментот на ловството така и ангажирање на лица за ловочуварска служба.

Право на учество на јавниот повик имаат домашните правни лица и странските правни лица кои имаат регистрирано подружница во Република Македонија и кои ќе ги исполнуваат условите од тендерска документација, во која деталано се наведени сите податоци поврзани со конкретното ловиште, условите кои треба да се исполнат од страна на правното лице како и минималниот концесиски надоместок за секое ловиште пооделно.

Досега во рамки на реализација на овој концепт за доделување на дивечот од ловиштата под концесија се доделени 242 ловишта во сите региони во државата и со овој тренд на концесионерство ќе се продолжи и во идниот период со објавување на нови ловишта.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top