Преку јавна и транспарентна електронска аукција ќе се доделуваат ловишта во повеќе региони во Македонија, најавија денеска владиниот портпарол Александар Ѓорѓиев и министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Димовски.
На 27 декември минатата година беше донесена Одлука за почнување постапка за доделување концесии за дивеч во ловиштата низ Македонија, по што на 22 јануари беше формирана Комисија за спроведување на постапката, додека на први овој месец беше објавен јавниот повик.
– Пред десетина дена беше распишан јавниот повик на кој за давање под концесијасе предвидени 39 ловишта во Република Македонија, кои припаѓаат во 11 ловни региони во нашата земја – рече денеска Ѓорѓиев.
Ловните региони опфаќаат повеќе градови во земјава и тоа Македонски Брод, Берово, Прилеп, Тетово, Велес, Свети Нилоле,. Радовиш, Штип, Битола, Делчево и Кочани.
Доделувањето на концесии за ловиштата, како што нагласи Ѓорѓиев, ќе обезбеди низа економски придобивки, ќе помогне во поттикнување на локалниот економски развој и во отворање нови работни места.
Вкупно 26 ловишта, како што рече ресорниот министер, се за ситен дивеч и нивната концесија е за 10 години, додека 13 ловишта се за крупен дивеч и рокот на концесијата е 20 години.
– Почетниот износ на наддавање ќе биде највисокиот понуден износ на надомест на концесии на дивечот во ловиштата утврден во понудата за ловиштата, посебно на јавното отворање на доставените понуди – рече Димовски.
Оваа постапка за електронска аукција ќе овозможи целосно објективно доделување на концесиите за ловишта во Македонија.
– Целиот процес ќе финишира со јавна електронска аукција, која се воведува за првпат во оваа постапка за издавање на ловиштата под концесија и која е значајно унапредување на сите процеси и од тој апсект може да истакнеме дека со воведувањето на овој принцип на финално одлучување преку процесот на јавна електронска аукција, која што ќе биде видлива за сите субјекти се отстрануваат сите можности за субјективно однесување од било кој субјект кој учествува во постапката – додаде Ѓорѓиев.
Победник на електронската аукција ќе биде оној правен субјект што ќе понуди највисок надомест за концесија на дивечот во ловиштата. Електронската аукција ќе се изврши и во случај доколку на истата учествува само еден правен субјект и направи само еден чекор во наддавањето.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Аукција во УЈП: Се продаваат “Пунто за 70.000 денари, “Мерцедес“ за 107.900 денари, “Астра“ за 120.500 денари…
-
В петок аукција на УЈП: На продажба се солариуми, гарнитури, автомобили, лаптопи, деловен простор…
-
Аукција на УЈП: Се продаваат автомобили и недвижнини по ниски цени
-
Медалите на Џеси Овенс од Минхен, на аукција