Облачно време и наместа локален дожд. Тмурното време низ Македонија, постепено ќе се поправи до веќерва. Разведрувањето се очекува попладнево, пред се во котлините од југозападниот и централниот крај.
Попладне повремен дожд се очекува во планинскиот дел од истокот на земјава. Во текот на ноќта ќе има позначано намалување на облачноста, пренесува „Метеопро“.
Среда ќе биде посончева, без врнежи и потопла во однос на вторник за неколку степени. Четврток ќе има слична температура на среда, но попладнето и вечерта се очекува нов бран на врнежи со прогресија од запад кон исток.
Во петок очекуваме нов пад на температурата, за околу 5 степени во однос на четврток. Петок ќе биде поврнежлив во првата половина од денот, додека попладне врнежите постепено ќе престануваат.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.