„Тројката“ меѓународни кредитори на Грција – Европската комисија, Европската централна банка и Меѓународниот монетарен фонд, се најголемиот победник на парламентарните избори во неделата, пишува поранешниот грчки министер за финансии Јанис Варуфакис во статија во британскиот весник „Гардијан“.
Варуфакис изразува сомнеж дека грчкиот премиер Алексис Ципрас ќе успее да ја реализира договорената програма со кредиторите, која според него „било планирано да не успее“.
Поранешниот министер за финансии се осврнува на „триумфалната победа“ на СИРИЗА на изборите и покрај малата предност во јули во однос на опозицијата според анкетите.
Варуфакис смета дека всушност „тројката“ е најголемиот победник на изборите, бидејќи нацрт-законите за мерките за штедење договорени со кредиторите ќе бидат усвојувани со леснотија, бидејќи СИРИЗА се заложила да ги протурка во Парламетот.
Според Варуфакис, сега Ципрас ќе треба да спроведе една фискална и реформска политика, која било планирано да не успее.
Тој нагласи дека Ципрас се надевал дека ќе ги намали тензиите поради рестриктивните политики, ветувајќи дека ќе се обиде да предоговори некои точки од меморандумот за новиот договор за спас со кредиторите, да го преструктуира долгот и да се соочи со олигарсите.
– Перспективите за тоа не се сјајни, но се уште не треба да го отишеме Ципрас, пишува Варуфакис во статијата за „Гардијан“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Расистички скандал во Грција: Коментатор нарече црномурест играч „мајмун“
-
Нова демократија: Владата се наоѓа во распаѓање поради Договорот од Преспа
-
Воружен инцидент на границата со Грција: Војници на АРМ отвориле оган во обид да спречат поголема група мигранти да влезат на македонска територија!
-
УНХЦР: Расте бројот на мигранти и бегалци кои од Турција доаѓаат во Грција