Истражувањето што било спроведено на неколку стотици хетеросексуални волонтери, покажало дека мажите повеќе ги привлекуваат жени што имаат женствени и нежни црти на лицето, но само за краткорочни шеми. Што се однесува на подолги врски или бракови, повеќе ги привлекуваат дами што имаат поостри црти на лицето, пишува порталот „Јамајкаопсервер“.
Научниците и на мажите и на жените им покажувале две слики од исто лице. Едното било со поблаги, женствени линии, додека другото имало поостри црти. Резултат: момците веднаш одговарале дека со девојката што има понежни црти со задоволство би имале авантура, но со таа што има погруби и не толку привлечни црти на лицето, претпочитаат да основаат семејство.
Од друга страна, жените имале поинаква приказна. Нив мажите со помажествени, погруби црти на лицето им биле попривлечни за брак.
Тоа што е особено интересно е дека оженетите мажи особено често одговарале дека би претпочитале да имаат авантура со девојка што има поженствени и привлечни црти на лицето.
Научниците објаснуваат дека мажите за долгорочна партнерка бараат не толку убава жена затоа што претходни студии покажале дека многу убавите жени често се неверни, што момците потсвесно ги одбива на долгорочен план. Што се однесува до кратките афери, тука не ги интересира многу дали се верни или не.
Жените, од друга страна, повеќе ги привлекуваат мажи со мажествени црти бидејќи оставаат впечаток на некој кој ќе може да се грижи за нив и за нивните деца.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.