Европскиот суд за човекови права денес го избра својот нов претседател, Гидо Раимонди од Италија, неговиот мандат започнува на 1 ноември 2015, јави дописникот на МИА.
Претседателот на Европскиот суд за човекови права со седиште во Стразбур, беше избран со тајно гласање од 47-те судии, колку што брои земји членки Советот на Европа. Тој на оваа функција ќе го наследи Деан Спелман од Луксембург, чиј мандат завршува на 31 октомври 2015.
Гиод Раимонди е роден на 22 октомври 1953 во Неапол, каде заврши студии по право, предавл на факултетот во Неапол како асистент по меѓународно право, работел како Судија и во министерството за надворешни работи на Италија во службата за дипломатски спорови. Тој работел и како ко-агент на италијанската влада пре Европскиот суд и Комисија з ачовекови права, како и многу други функции поврзани со човековите права.
Тој за првпат беше избран за судија при Еропскиот суд за човекови права на 5 мај 2010 година.
Европскиот суд за човекови права се грижи за почитувањето на Европската конвенција за човекови права од страна на земјите кои ја имаат прифатено.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.