| четврток, 6 декември 2018 |

Јункер ја повика новата грчка Влада да се придржува до реформите

јункер
Претседателот на Европската комисија Жан-Клод Јункер ја повика денеска Грција да работи за стабилност и да се придржува кон договорот за реформи по реизбирањето на Алексис Ципрас за премиер.

– Грција сега има потреба од широка поддршка од сите партии, инстуционална стабилност и своевремена примена на реформите, за да се врати довербата, напиша Јункер во честитката до Ципрас.

Во неа претседателот на ЕК посочува дека постои итна неопходност од менаџирање на имиграциската криза, која ќе биде тема на седницата на Европскиот совет.

– Ни претстои многу работа и немаме време за губење, ќе ја поддржиме новата Влада во нејзините напори, напиша Јункер.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top