– Работиме со внимание за овој проект којшто ветивме дека ќе го направиме. Механизацијата е на терен и се работи со полна пареа. Средствата се обезбедени и нема никаква пречка за оваа работа да не ја завршиме, изјави Груевски – одговарајќи на новинарско прашање.
Тој додаде дека минатата година се исчистени 145 километри канали, а годинава дополнителни 85 километри.
Премиерот информира дека почнато е и обештетувањето на земјоделците и оти веќе во 13 општини околу 2.220 земјоделски семејства се обесштетени.
– Преостанува понатамошното исплаќање на земјоделците кои не ги примиле средствата заради обработка на документите за исплата. Во општините Могила, Новаци и Битола досега е исплатено обештетување на околу 985 семејства, а исплатата продолжува и понатаму- рече Груевски, изразувајќи надеж дека за месец до два треба да се заокружи овој процес.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Орбан: Немам време да дишам, а не пак да се сретнам со Груевски
-
Орбан: Сорос е впуштен во прогонот против Груевски, а тој е мој соработник!
-
Груевски: Добив сознание дека ми се подготвува ликвидација
-
Коалицијата „Сите за правично судење“ ја оспорува професионалноста на МВР за обезбедување на Груевски