Составот на новата влада на Грција предводена од левицата ќе биде објавен до утре наутро, изјави лидерот на десничарската партија Независни Грци Панос Каменос по денешната средба со Алексис Ципрас.
– Тоа ќе биде прогресивна влада, влада која ќе продолжи со задачите што ги презедовме изминатите шест месеци, и се надевам дека пратениците ќе ја сфатат пораката на грчкиот народ за национално единство, изјави Каменос, чија партија беше партнер на Сириза и во претходната влада.
Партијата Сириза на Ципрас освои околу 35 отсто од гласовите на вчерашните избори и доби 145 места во парламентот кој има 300 членови, додека партијата на Каменос освои 3,7 отсто и 10 места.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.