Српскиот премиер Александар Вучиќ за агенцијата „Ројтерс“ изјави дека ЕУ покажала слабост во решавање на емигрантската криза. Тој очекува од ЕУ сеопфатно решение и вели дека Србија е подготвена да преземе свој дел од одговорноста. Вучиќ додава дека многу држави земале колку што можеле од европските фондови но дека на првата пречка, кога се соочиле со првите маки и кога требале да покажат европски вредности, не биле подготвени за тоа.
-Ние сме првата држава што ги регистрираше тие луѓе, не знам што правеле другите пред нас – вели Вучиќ и додава:
– Од ЕУ очекуваме сеопфатно решение. Не сакаме да избегнеме од обврските. Би сакале да бидеме дел од решението и веќе понудивме наша помош, поддршка и услуги во иднина, што значи не сме членови на Унијата. Но кога некој ќе каже дека би требало да дејствуваме како членка и да го преземеме својот дел од товарот, две- три илјади да останат во нашата земја, ние ќе го сториме тоа. Како што гледате, не велиме можеби, но, не, многу е лесно и едноставно со нас – додава Вучиќ за „Ројтерс“.
Тој додава дека не крие дека ниту во Србија тоа не е популарно, но и дека не се грижи за реакцијата на луѓето, кои би посакале да се стави жичена ограда ограда околу Србија. Вели дека мрази таков пристап и никогаш не би се согласил со него.
-Мора да биде заеднички товар, да го преземе секоја држава-членка на ЕУ и не само тие – порача Вучиќ.
Треба да се дејствува во коренот на кризата, меѓу Сирија и Турција, посочува Српскиот премиер, како и дека треба да се одвојат вистинските бегалци од економските емигранти, уште додека тие влегуваат во Грција, како во прва држава на ЕУ, или во некоја д другите држави.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Мигранти зеле дрва за огрев од затворено кафуле во Грција и оставиле 10 евра
-
Мексико ќе ги депортира мигрантите кои насилно се обиделе да влезат во САД
-
Србија слави, Косово не е примено во Интерпол!
-
Потпретседателот на Парламентот на Србија, Ѓорѓе Миличевиќ во операциона сала, ова е смачканиот автомобил