| четврток, 6 декември 2018 |

Вучиќ: ЕУ покажа слабост, треба да се одвојат бегалците од економските емигранти

Aleksandar VucicСрпскиот премиер Александар Вучиќ за агенцијата „Ројтерс“ изјави дека ЕУ покажала слабост во решавање на емигрантската криза. Тој очекува од ЕУ сеопфатно решение и вели дека Србија е подготвена да преземе свој дел од одговорноста. Вучиќ додава дека многу држави земале колку што можеле од европските фондови но дека на првата пречка, кога се соочиле со првите маки и кога требале да покажат европски вредности, не биле подготвени за тоа.

-Ние сме првата држава што ги регистрираше тие луѓе, не знам што правеле другите пред нас – вели Вучиќ и додава:

– Од ЕУ очекуваме сеопфатно решение. Не сакаме да избегнеме од обврските. Би сакале да бидеме дел од решението и веќе понудивме наша помош, поддршка и услуги во иднина, што значи не сме членови на Унијата. Но кога некој ќе каже дека би требало да дејствуваме како членка и да го преземеме својот дел од товарот, две- три илјади да останат во нашата земја, ние ќе го сториме тоа. Како што гледате, не велиме можеби, но, не, многу е лесно и едноставно со нас – додава Вучиќ за „Ројтерс“.

Тој додава дека не крие дека ниту во Србија тоа не е популарно, но и дека не се грижи за реакцијата на луѓето, кои би посакале да се стави жичена ограда ограда околу Србија. Вели дека мрази таков пристап и никогаш не би се согласил со него.

-Мора да биде заеднички товар, да го преземе секоја држава-членка на ЕУ и не само тие – порача Вучиќ.

Треба да се дејствува во коренот на кризата, меѓу Сирија и Турција, посочува Српскиот премиер, како и дека треба да се одвојат вистинските бегалци од економските емигранти, уште додека тие влегуваат во Грција, како во прва држава на ЕУ, или во некоја д другите држави.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top