| четврток, 6 декември 2018 |

Културна вечер „Урбани сценски мостови“ во Гостивар

Во Центарот за култура АСНОМ во Гостивар вчеравечер, 19-ти септември, се одржа манифестацијата „Урбани сценски мостови“ на која учествуваа уметници од Кавадарци и Гостивар.

Програмата, замислена како своевиден перформанс со поетско-музичка-ликовна содржина беше изведена во малата сала на Гостиварскиот центар за култура.

Гостиварската публика, имаше можност да се дружи со четириесетина уметници, поети, сликари и музичари од Гостивар и Кавадарци и нивниот опус.

Според директорот на Центарот за култура АСНОМ, Љуан Зенки, ова е обид за градење на еден мост на култура и соработка со кој ќе се приближат делата на уметниците до публиката од двата града.

Во рамки на оваа културна вечер беше организирана и самостојна изложба на Владимир Темков, уметник од Кавадарци, кој пред гостиварци се претстави со 40-тина ликовни дела, главно во маслена техника. Се планира во наредниве месеци, гостиварските уметници да ја возвратат посетата и да се преставата пред кавадаречката публика.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top