| четврток, 6 декември 2018 |

Премиерот Груевски во посета на пелагонискиот регион

гру

Премиерот Никола Груевски, денеска ќе престојува на пелагонискиот регион, во рамки на кој ќе ги посети општините Битола, Могила и Ресен, соопшти владината прес-служба.

Според агендата, премиерот Груевски прво ќе ја посети општина Могила, каде ќе присуствува на отворање на спортски сали во селата Новаци и во Могила. Во Новаци претседателот на Владата ќе присуствува на црковно-народниот собир во манастирот „Рождество на Пресвета Богородица“, а во Могила ќе има средба со жителите на ова населено место. Предвидена е и посета на Основното училиште „Кочо Рацин“ и средба со жителите на село Долно Српци, како и посета на земјоделска фарма на индивидуален земјоделец во ова село, кое е дел од општина Могила.

Во Ресен премиерот Груевски ќе присуствува на отворање на откупно-дистрибутивниот центар „Епл ленд“, а ќе направи и увид во градежните активности за рехабилитација на магистралниот пат Битола-Ресен-Буково.

Посетата на пелагонискиот регион претседателот на Владата ќе ја заокружи со присуство на пуштањето во употреба на еден двоен и на еден единечен тениски терен во спортско-рекреативниот центар „Шеталиште“, во Битола.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top