Од пожар предизвикан од удар на гром вчера изгореа 1.200 бали слама, сено и друга сточна храна во двор од семејна куќа во селото Младо Нагоричане.
Како што информира Оливер Стојмановски, командир на Територијалната противпожарна единица од Старо Нагоричане на пожарот интервенирале од 16 и 40 часот, па се до 21 и 30 часот, со едно возило и 4 пожарникари, при што им помогнале и 2 пожарникари од ТППЕ Куманово.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.