Воздушните напади на меѓународната коалиција, предводена од САД, врз позиции на Исламска држава во Сирија се неефикасни, изјави денеска сирискиот заменик-министер за надворешни работи Фејсал Мекдад во интервју за јапонската агенција Кјодо.
– Воздушните напади не беа ефикасни, со нивна помош ништо не беше постигнато – истакна Мекдад и додаде дека ИД станала уште посилна во Ирак и во Сирија и покрај борбата на САД против тероризмот.
Како што јави ТАСС, сирискиот дипломат нагласи дека Русија ѝ помага на Сирија и претставува главниот извор на оружје за сириската армија.
Тој нагласи дека во Сирија нема руски војници.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Македонец подготвувал терористички напад во името на Исламската држава во Италија
-
Голема акција на турската полиција, уапсени 23 лица: Терористите спремале „сензационален напад”
-
Приходите на ИД од продажбата на нафта за две години се намалија за 90 отсто
-
ИД ја презеде одговорноста за нападот во лондонското метро