Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, денеска ќе ѝ ја додели титулата национален уметник на Република Македонија на оперската певица Ана Дурловски.
Признанието се доделува во согласност со Законот за национален уметник на Република Македонија. Досегашни добитници на титулата национален уметник на Република Македонија се музичкиот уметник и пијанист Симон Трпчевски, сценаристот и режисер проф. Милчо Манчевски, естрадниот уметник Есма Реџепова -Теодосиевска и оперскиот пејач Борис Трајанов.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.