| четврток, 6 декември 2018 |

Дождлива недела со понискa температурa

Upload_Vesti_dozd-630x404_20138289349

Оваа работна недела веќе можеме да зборуваме за попријатно време, особено кога станува збор за температурата. Таа со овој понеделнички пад ќе дојде во границите на нормалата за третата декада од семптември.

Според Метеопро, вторник претпладне ќе биде малку посончев во западната половина од земјата, додека на исток ќе биде умерено облачно со сончеви периоди. Попладне, таа ситуација ќе се смени. Во планинскиот дел од западот ќе има зголемување на облачноста и повремен дожд, додека источниот регион ќе бележи тренд на намалување на облачноста.

Температурата, за разлика од понеделник, ќе биде во мал пораст. Долж вардарскиот тек ќе достигне максимум од 23 Целзиусови степени со  25Целзиусови степени, југозападната област околу 21 Целзиусови степени и околу 22 Целзиусови степени во низините од истокот на земјава.

Среда ќе биде сончева претпладне. Мала облачност попладне ќе има во источниот крај, а умерена во крајниот запад. Во однос на вторник ќе има повисока температура за околу 4Целзиусови степени.Во четврток ќе биде за нијанса посвежо за разлика од среда. Максималната температура ќе има вредности од 25 Целзиусови степени до 27 Целзиусови степени во Повардарието, околу 23 Целзиусови степени во југозападниот регион и околу 24 Целзиусови степени во низините на исток.Попладнето во четврток ќе биде пооблачно, а се очекува и локален развој на облачност која ќе донесе повремен дожд, дел проследен и со грмежи. Поголеми услови за дожд ќе има во западната половина од земјата, додека на исток врнежите би биле послаби и застапени доцна попладне и во текот на вечерта. Во текот на ноќта, врнежите треба да зачестат. Петок ќе биде ден кога очекуваме уште еден пад на температурата, за околу 6 Целзиусови степни во однос на четврток. Ќе биде облачен и врнежлив, особено во првата половина од денот. Попладне врнежите би требало да слабеат и постепено да се повлекуваат.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top