АМСМ во името на продукциската куќа „Шик филмс“ и „Мануфактура продукција“, информира дека поради временската прогноза која најавува дожд, обиколницата околу Скопје во понеделник повторно ќе биде ставена во употреба на граѓаните на Република Македонија.
Првично беше најавено дека до крајот на овој месец скопската обиколница ќе биде затворена за сообраќај поради тоа што таму се снима филм во периодот од 07 до 19 часот.
На скопската обиколница веќе е започнато снимањето на филмот „А Фонд“ на француската продуцентска куќа „Шик филмс“.
По 28 септември, снимањето на филмот се сели на на автопатот Неготино-Велес, каде во истите термини ќе остане до 23 октомври, а целиот сообраќај ќе се пренасочува преку стариот пат од Велес до Градско.
Филмот што се снима е акциска комедија која ги следи доживувањата на едно француско семејство кое тргнало на летен одмор, но возилото им се расипало на автопат и не може да сопре бидејќи е без кочници. Неговата премиера се очекува во јуни следната година.
Од АМСМ препорачуваат внимателно возење, приспособена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Специјална проекција на филмот „На мапата“ посветен на Тал Броди, кошаркар на „Макаби“
-
„Младешка осаменост“ – хибридниот документарец на Клер Симон во кината низ Македонија
-
Детскиот филм „Господин Мол и фабриката за чоколадо“ во кината низ Македонија
-
„Македокс“: Зимска реприза на филмот „Над возможното“ во кино Култура