| четврток, 6 декември 2018 |

ВМРО-ДПМНЕ на терен меѓу граѓаните со различна етничка припадност (видео)

Политиката на отвореност на ВМРО-ДПМНЕ вродува со плод. Се повеќе граѓани се во редовна комуникација со членовите на извршниот комитет на партијата кои редовно се на терен.

Од неодамна нејзин член е и турчинката Нермин Теловска, инаку родена во Скопје. Таа по занимање е дефектолог-логопед, магистер по дефектолошки науки, а  специјалистка има завршено за психомоторна редукација и специјалистка за дисфлуентни нарушувања на говорот.  Претседател е на одборот на логопеди, а специјализации и обуки има завршено и посетувано во најголемите центри во Норвешка, Белгија, Германија, Словенија.

Желбата да се помага ја пресликува и во полето на политиката преку работата на терен. Таа денес беше помеѓу граѓаните во Чаир да ги слушне нивните барања и нивните проблеми, и онаму каде може да се помогне и изнајде решение. Околу нејзе Македонци, Албанци, Турци, сите со по некоја потреба, а некои чисто да помуабетат да разменат мислења за некое актуелно прашање.

-Денешната средба со граѓаните од мултинационалната општина Чаир е наша редовна средба. Ние како партија имаме зацртано јасни програмски цели и задачи меѓу кои почитување на сите етнички заедници како и спротивставување на било каков израз на нетолеранција врз етничка, јазична или верска основа. Факт кој посебно мене лично ме радува се новите барања и пристапници за членство од припадници на различните етнички заедници кои живеат во Македонија. Ова говори дека луѓето ја препознаа нашата отвореност кон сите, исто така и политичката зрелост и одговорност на нашата партија која успешно ја покажа во изминатиов период, рече Неловска.

Ваквите пракси на ВМРО-ДПМНЕ продолжуваат да се реализираат во континуитет. Во највисоките партиски органи на партија веќе се вклучени Македонци мислимани кои активно даваат придонес во работата и се ангажирани со постојани средби со граѓаните Македонци муслимани во регионите на државата во кои што живеат со цел да им излезат во пресрет на нивните барања и потреби.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top