| четврток, 6 декември 2018 |

„Последниот Македонец-Патот до истребувањето“ премиерно на „Браќа Манаки“

На Меѓународниот филмски фестивал „Браќа Манаки“ во Битола премиерно беше прикажан документарно – играниот филм „Последниот Македонец – Патот до истребување” во режија на Илија Пиперкоски.

IMG_3331

Филмот, како што беше речено на почетокот од неговото снимање е мотивиран од 100 годишнината од Букурешкиот договор и најмногу се снимаше на локации во и околу Битола. Тој според зборовите на режисерот Пиперкоски треба да даде  или да провоцира повеќе одговори. Зошто Македонија во перидот пред Букурешкиот договор, но и помеѓу Балканските војни не можеше да создаде сојузници кои ќе ја поддржат независноста? Зошто не постоела цврста Организација која наместо меѓусебни препукувања, интриги, убиства и атентати ќе го кренела духот на народот кој бил поделен под влијание на Бугарската Егзархиј , Грчката Православна Црква, а подоцна и Српската? Зошто братоубиството заради сојузништво со Бугарите, Србите или Грците е правило, а не реткост во Македонија ?

-Ние водиме борба против врховистите, за тоа што сакаат да ја потчинат организацијата, да ја стават во служба на бугарскиот двор. Тоа се луѓе кои дале заклетва пред Бугарскиот дворец и Бугарската држава и како такви не се ништо повеќе од обични слуги, ќе рече актерот Рубенс Муратовски во улогата на Јане Сандански.

Покрај  Муратовски во филмот играат и Славиша Кајевски, Игор Стојчевски, Иван Јерчиќ, Ѓорѓи Јолевски, Петар Горко, Валентина Грамосли, Сашко Коцев и други.

DSC_6577

Продуцент на филмот е Снежана Лупевска – Созен од „Тринити плус“, филмот финансиски е поддржан од Филмскиот фонд на Македонија и Министерството за култура, а поддршка обезбеди и Општина Битола и Преспанско-пелагониската епархија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top