На 77-годишна возраст, како резултат на борбата со рак на дојка, почина Џеки Колинс, соопштин нејзиното семејство. Таа во јавноста беше позната како авторка на љубовни романи кои беа светски бестселери. Досега нејзините романи се продадени во 500 милиони примероци во над 40 земји. Таа стана позната по серијата книги за Холивуд, а кариерата ја започна со романот „Светот е полн со оженети мажи“, а по него следуваа „Леди Бос“, „Холивудските жени“, „Среќа“….
Инаку, Џеки Колинс е сестра на познатата холивудска актерка Џоан Колинс која остана запаментена по улогата на Алексис во „Династија“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.