| четврток, 6 декември 2018 |

Почина Џеки Колинс, најпознатата писателка на љубовни романи

џе

Една од најпознатите светски писателки на љубовни романи почина од рак на дојка во 77 година од животот, соопшти семејството на Џеки Колинс.

џеки

Романите на Џеки, инаку сестра на актерката Џоан Колинс, се продадени во тираж во повеќе од 500 милиони примероци, во над 40 држави во светот.

-Со огромна тага, ве информираме за смртта на нашата прекрасна, динамична и единствена мајка Џеки Колинс, која денес почина од рак на дојката – се истакнува во изјавата на семејството.

-Беше вистинска инспирација, креативна сили која го пробиваше патот за другите писателки. Ќе продолжи да живее низ своите ликови, но веќе неискажливо ни недостига – се додава.

Родена 1937 година во Велика Британија, Џеки Колинс се прослави со серијата книги за Холивуд. Нејзиниот деби-роман „Светот е полн со оженети мажи“, беше нарекуван „валкан и одвратен“ од страна на позната британска писателка Барбара Картленд, а беше и забранет во Австралија.

Сепак, нејзините книги постигнаа вртоглави тиражи, а некои беа и екранизирани, како „Холивудските жени“, „Среќа“, „Леди Бос“…

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top