| четврток, 6 декември 2018 |

Домаќинот Франција бронзена на Евробаскетот 2015

Француската репрезентација го освои бронзениот медал на Европското првенство на домашен терен откако во малото финале ја совлада селекцијата на Србија со 81-68.
По златото од пред две години, освоено Словенија сегашната бронза нема никаков сјај бидејќи „триколорите“ важеа за главен фаворит за одбрана на тронот.
Србите беа рамноправни само во првата четвртина (16-16), по што Франција наметна своја игра и на полувреме замина со пет поени предност (37-32).
Франција се чини дека недостижна предност направи во третиот период кој го доби со девет поени разлика (21-12) и направи недостижна предност за избраниците на Александар Ѓорѓевиќ од 58-44.

Кај Србите најлош меч на овој Евробаскет одигра капитенот Милош Теодосиќ кој не успеа ниту еднаш да поентира од игра од шест обиди, а имаше само три поени од слободни фрлања.

Нандо Де Коло со 20 поени, Еван Фурние со 15 поени и Тони Паркер со 13 поени, како и Рду Гобер со 15 поени и 14 скокови, ја предводеа Франција на овој меч. Најефикасен кошаркар во српската селекција беше Богдан Богдановиќ со 14 поени.

Вечерва (19 часот) во големото финале силите ќе ги одмерат Шпанија и Литванија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top