Министрите за внатрешни работи на Србија и Унгарија, Небојша Стефановиќ и Шандор Пинтер деенска го отворија главниот граничен премин на српско-унгарската граница, Хоргош 1/Роске 1, кој беше затворен од страна на Будимпешта од понеделникот.
Како што јави Б92, Стефановиќ и Пинтер заеднички ја отсраниле првата ограда на преминот и со што официјлано повторно го пуштија во промет за патнички и товарен сообраќај.
На два километри од Хоргош 1/Рооке 1, кој е главен премин на границата меѓу Србија и Унгрија, се наоѓа и преминот Хоргош 2/Рооке 2, кој и натаму е затворен и каде во средата дојде до судири меѓу унгарската полиција и група бегалкци.
При овие судири, за разбивање на бегалците, кои се обидоа да ја пробијат оградата на границата, унгарската полиција користеше палки, водени топови и ссолзавец.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Србија слави, Косово не е примено во Интерпол!
-
Унгарската влада за „Макфакс“: Му дозволивме на Груевски да побара азил од безбедносни причини бидејќи беше премиер
-
Потпретседателот на Парламентот на Србија, Ѓорѓе Миличевиќ во операциона сала, ова е смачканиот автомобил
-
Тензии на граница, мигранти од БиХ насилно се обиделе да влезат во Хрватска