| четврток, 6 декември 2018 |

Во натпревар кој требаше да ја одбележи битката за златото, Франција и Србија ќе играат за третото место

FIBA EuroBasket 2015

Репрезентациите на Франција и Србија важеа за главни фаворити за златниот медал на овогодинешниот Евробаскет, но непријатлните порази (први на овој шампиононат) кој ги доживеаја во полуфиналните пресмети придонесоа овие две селекции да се борат за бронзениот медал.
Двете репрезентации најавуваат беспоштедна битка на теренот со цел да ги залечат раните од поразите од Шпанија односно Литванија.

– ани се соочивме со ист проблем, сакавме да играме во финалето, а загубивме еден чекор претходно. Беше тешко да се фокусираме на психолошки план, но годинава сме подготвени за ова мало финале. За луѓето што го организираа овој прекрасен настан, за нашите верни навивачи, имаме голема желба за триумф – изјави Николас Батум, репрезентативецот на Франција.

Селекторот на Србија, Александар Ѓорѓевиќ, порача дека неговиот состав е подготовен за битка со домаќинот Франција, во обид големото разочарување од поразот во полуфиналето да го остават зад себе.

– Имаше и солзи во соблекувалната по тој меч со Литванците, но мораме сето тоа да го оставиме зад нас. Најтешкиот дел од задачата е да ги кренеме главите и да сфатиме дека сепак играме за медал. Можеби не е златен, но во секој случај би било добро да се вратиме дома со медал на градите. Ќе бидеме подготвени за предизвикот против Французите – истакна Ѓорѓевиќ.

Интересно е што токму пред 16 години овие две репрезентации се сретнаа истотака во меч за третото место, а повторно домаќин беше Франција. Тогаш победи Србија со 74-62.
Натпреварот започнува во 14 часот, а во големото финале кое на програмата од 19 часот ќе играат Шпанија и Литванија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top