| четврток, 6 декември 2018 |

Чамец со 46 имигранти потона крај Лезбос

цамец

Грчката Крајбрежна стража трага по 26 лица кои од утрово се водат како исчезнати, кога чамец со вкупно 46 илегални имигранти потонал во близина на островот Лезбос во Егејското Море.

Во соопштението на Крајбрежната стража се посочува дека литвански хеликоптер, ангажиран во мисијата на Агенцијата за контрола на границите на ЕУ (Фронтекс) во Грција, утрово забележал група луѓе во морските води во близина на југоисточниот брег на Лезбос.

Според грчките медиуми, кон посочената локација веднаш се упатиле два глисери на Крајбрежната стража, кои успеале да спасат 20 лица. Спасените бегалци изјавиле дека на чамецот имало вкупно 46 лица.

Националноста на спасените имигранти засега не е позната.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top