Коинциденција или не, филмот „Лазар“ на Светозар Ристовски кој го отвори годинашеното издание на „Браќа Манаки“ ја обработува темата за шверцот на мигранти и криминалот, во кој поради тешката егзистенцијата се втурнуваат македонските граѓани.
– Коинциденцијата е експлозијата на кризатата која се провлекуваше 20 години. Темата е инспирирана од пред 10 години, а сега експлодира и ни се случува хуманитарна криза на сите нас во Европа – рече режисерот на филмот, Светозар Ристовски.
Филмот раскажува приказна за шверц на мигранти, борба за опстанок, за заработка, животни кризи… Идејата се родила пред седум години, од приказни на блиски пријатели на режисерот, но сеуште е актуелна.
На денешната прес конференција беше претставен дел од екипата која работеше на овој филм.
-Ова што денес се случува со мигрантската криза не можеше никој да го предвиди пред седум години кога се роди идејата за овој филм. Во тоа време посоеше миграција на населението, но Европа тој проблем го ставаше под тепих, но проблемот стануваше се поголем, така што денес кулминира во еден „лежечки полицаец“ од натрупаност. Низ Македонија и тогаш минуваа бегалци, а идејата за приказната е од мои пријатели кои навистина се занимавале со транспорт на бегалци. Невработеноста предизвика ситуација секое трето семејство да се занимава со работа на црно, превезување мигранти и слично, рече Ристовски на денешната прес конференција.
Од македонската актерска екипа на конференција присуствуваа Наташа Перовиќ и Дејан Лилиќ кои велат дека и тие за првпат го виделе филмот, дека некои сцени не се ставени во него, но дека одлично излегол како финален производ и дека се надеваат дека ќе има успешна иднина на светските филмски фестивали.
Во успешната иднина на филмот беа убедени и бугарските актери во филмот кои рекое дека на почетокот имале проблем бидејќи се работело во мешовита екипа од Словенија, Србија, Македонија, Хрватска и Бугарија, а сите во филмот требало да зборуваат македонски, така што успеале со помош на професорите по македонски да ја совладаат таа бариера.
-Кога дојдовме вло Скопје и стапиме во контакт со сите кои работеа на филмот два дена не разбиравме никого, но веднаш потоа веќе разбиравме и македонски, и словонечки и српски, рекоа актерите од Бугарија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Под мотото „Симнуваме капа“ од 22 до 29 септември ќе се одржи 39.ИФФК „Браќа Манаки“
-
На фестивалот „Браќа Манаки“ претставена македонската екипа на филмот „Сиераневада“
-
На ИФФК „Браќа Манаки“ произлезе иницијатива за формирање Балкански филмски фонд
-
Отворен 37. Интернационален фестивал „Браќа Манаки“