| четврток, 6 декември 2018 |

Грижливи, нежни и лојални – најдобрите сопруги според хороскопот

За среќен и успешен брак потребно е да се совпаднат многу коцки, но многумина не го земаат и астролошкиот аспект во предвид. Кога би “ѕирнале” во Зодијакот, и токму таму би ја побарале совршената сопруга, што мислите, под кои знаци се крие таа?

Тоа се токму овие три знаци од Зодијакот.

Рак

Раковите се познати како чувствителни и нежни суштества, а токму тоа е она што чини да бидат добри сопруги. Способноста да сакаат на вистински начин чини сопругите во овој знак од Зодијакот да бидат подготвени буквално на сè за својот партнер.

Жените во знакот на ракот секогаш ќе се трудат сите околу нив да се чувствуваат добро, а освен тоа тие се и одлични домаќинки и мајки.

Она што би можело да претставува проблем во оснос со жената која што му припаѓа на овој хороскопски знак е тоа што жените ракови се подложни кон драматизирање на нештата, но никој не е совршен, зарем не? Тоа е едноставно таа, а оној кој што ќе ја прифати како таква може да очекува и добар брак, а она што таа пак го очекува од својот маж е почит, искреност и поддршка.

Лав

Исто како и жените ракови, и лавиците знаат навистина искрено да сакаат. Нивниот начин е можеби и поинаков, но кога вистински сакаат, со нив може да се чувствувате безбедно.

Таа е храбра, бестрашна и неверојатно способна, а кога се работи за децата, таа е и исклучително пожртвувана. Како вистинска лавица, таа е токму онаа која што го чува своето семејство, а од партнерот очекува тој да биде потпора и поддршка.

Од лавиците може да очекувате буквално да ве опсипуваат со нежност и внимание.

Јарец

Жените јарци се тешко достапни, на прв поглед ладнокрвни, но токму под таа маска се кријат исклучително емотивни личности. Тие се одговорни, пожртвувани и посветени кога се работи за работните обврски, а истото може да го очекувате и во бракот со нив.

Како што главно важат за личности кои што ја сакаат традицијата, семејството им е исклучително важно.

Тие добро знаат каков човек имаат покрај себе и колку е тој човек вреден, па токму затоа подготвени се да дадат буквално сè од себе за од него да го извлечат она најдоброто.

Како мајка, жената Јарец е строга, но праведна. Сè што бара од својот партнер е да покаже карактер и истрајност, карактеристики кои што и самата таа ги покажува.

Љубовта со жената која што му припаѓа на овој знак од Зодијакот не е огномет, но е жар кој што ќе гори и кога сите останати огништа ќе изгорат.

Извор: Кармин

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top