Според податоците од УХМР, највисоката дневна температура е регистрирана на 5 септември во Демир Капија, 39,7 степени, потоа во Штип 37,6 степени, додека на 3 септември во Скопје биле измерени 37,5 Целзиусови степени.
Во првата половина на септември на некои мерни станици низ земјата измерената температура го има надминато рекордот откако се мери температурата.
Инаку, септември бил најтопол во 1952, 1987, 1994 и 2011 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



