Потстрижување
Иако повеќето фризери ќе ви кажат повторно да ги посетите за 6 недели, во реалноста ретко кој има време или пари да го прави тоа. Доколку не ја пеглате косата и добро се грижите за неа, можете да ја потстрижете дури и по 5-6 месеци. Просечно, сепак, макар колку да ги освежите врвовите, треба да се потстрижувате на три месеци.
Миење
Честото миење на косата води до сушење. Мијте ја косата секој втор или трет ден, во зависност од нејзиниот тип. Треба да ја миете секој ден ако ви се валка на работното место или ако спортувате активно, но во тој случај користете поблаг шампон и регенератор.
Чешлање
Косата не треба да се чешла по 100 пати секоја вечер за поблескав изглед, како што долго се веруваше. Претераните движења со чешелот низ косата ги ослабуваат и оштетуваат влакната и водат до појава на расцветани врвови и тенка коса. Кога се чешлате, поминете со чешелот низ косата неколку пати за да се разнесат природните масла од скалпот кон врвовите на влакната, но не претерувајте.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.