| четврток, 6 декември 2018 |

Страдање на гигантите во Загреб, по Арсенал падна и Кил

horvat

Веселин Вујовиќ маестрално го предводеше Загреб во премиерниот меч од Лигата на шампионите во ракомет, а во главниот град на Хрватска се случи уште една сензација и уште еден пад на голем бренд. По Арсенал кој загуби од Динамо во фудбалската ЛШ, Загреб го декласира Кил во ракометната ЛШ.

Пред 8 илјади гледачи во „Загреб“ арена Вујовиќ мудро командуваше со разиграниот домашен строј, а конечниот резултат од 29-22 оддекна како голема сензација. Кил е еден од најголемите ракометни брендови на планетата и беше фаворит, но настрада во Загреб.

Хорват со 6 гола беше најефикасен во победничкиот табор, додека најмногу голови, 8, постигна ракометарот на Кил, Дамке.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top