| четврток, 6 декември 2018 |

Груевски: Нови 46 градинки низ Македонија, поддршката продолжува

grujo

Во изминатиот период Владата на Република Македонија изгради 39 нови детски градинки. Истите се распоредени во повеќе општини низ цела Македонија.

Премиерот Никола Груевски посочи дека пет од нив беа веќе пуштени во употреба оваа година, а уште седум ќе бидат завршени до крајот на оваа година што значи дека до тој период 46 нови детски градинки ќе бидат пуштени во употреба.

-Од аспект на згрижување деца, на возраст од три до шест години, во минатото пред да почнат овие активности, нешто малку повеќе од 10 отсто од децата имаа можност да се згрижат во градинки. Сега веќе тој процент нарасна на приближно 40 отсто. Тоа за неколку години е значителен пораст. Тоа е во духот на поддршка на семејствата во Македонија, кои имаат деца и во духот на поддршка за подобрување на демографските движења во Македонија – истакна македонскиот премиер.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top