Осама Абдул Мохсен, човекот што стана светски симбол за проблемите на сириските бегалци, е на пат за Мадрид каде што доби понуда за работа во школа за професионални фудбалски тренери.
Мохсен стана познат по проблемите на унгарската граница кога камерманката Петра Ласло на шокантен начин го сопна, додека тој го носеше својот седумгодишен син в раце. Фотографиите и видеото снимено на местото на настанот експресно го обиколија светот, а Мохсен стана вистински херој.
Потоа го препознаа неговите Сиријци и приказната доби нова димензија. Мохсен пред кризата бил познат тренер и тоа на прволигашки клуб во Сирија, а вистински хуман гест направија луѓето од предградието на Мадрид.
Во Хетафе има школа за професионални фудбалски тренери и оттаму му понудија работа на Мохсен. Локалните власти ќе се погрижат за сместувањето на Мохсен и за неговото семејство, а новиот планетарен херој ќе работи во школата за тренери. На радост на сите добронамерни луѓе и искрени љубители на фудбалската игра.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Уште една европска метропола ги забранува старите автомобили
-
САД воведоа нови санкции за Русија, Москва смета дека е реванш за Сирија
-
Нови напади на Сирија: Соборени 9 ракети (видео)
-
Сирија од минута во минута: Асад порача: Сиријците не се плашат од НАТО, сега видовме дека оружјето им е застарено! (видео)