| четврток, 6 декември 2018 |

Адеми: Победата над Арсенал е нешто што треба да се доживее

Македонскиот репрезентативец Аријан Адеми одигра повеќе од значајна улога на средината на теренот за својот Динамо Загреб во историската победа над Арсенал во Лигата на шампионите во рамките од првото коло со 2-1 што се одигра синоќа на „Максимир“ во Загреб.
Адеми успешно се врати на терените по незгодната повреда која ја заработи во еден првенствен натпревар за Динамо во Хрватска и тренерот Мамиќ му укажа голема доверба ставајќи го во првиот состав.
Тој на крајот од мечот не го криеше задоволството од големата победа над англискиот гигант, и дополни дека тоа е голем мотив остатокот од сезоната.

– Ова е навистина феноменално чувство, нешто кое треба да се доживее. Голема победа за сите нас и навивачите на Динамо. Можеби малку кој во Европа веруваше во вакво нешто. За многумина сето ова е чудо, но ние верувавме во самите нас и покажавме дека можеме да играме со секој противник“ – вели Адеми, осврнувајќи се и на самиот натпревар.

– Одлучи одличната наша игра на средината од теренот. Имавме и огромна поддршка од трибините и сето тоа ни даде дополнителна сила. Верувам дека преполн ’Максимир’ ќе имаме и на следните натпревари против Баерн Минхен и против Олимпијакос, но и дека ќе продолжиме со добрите игри во Лигата на шампионите. Оваа сезона сакаме нешто специјално за нас во Европа – истакна македонскиот репрезентативец.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top