
Ако не се пронајдеш во овие дефиниции, најверојатно не си маж од Македонија.
Ванилин шеќер:
Производот што ѝ го носиш на жената/девојката, кога ќе те прати во продавница по печиво. До оваа забуна најверојатно доаѓа затоа што печивото не е во близина на нашите најпотребни намирници: леб, пиво и цигари.
Чепкалка за заби:
Најчестиот десерт на мажите во Македонија, по „дваесетка со кромид“.
Добра:
Ракија за која по првата голтка ти се потребни 2-3 минути за да кажеш – добрааа…
Моментот кога ќе станеш маж:
Тој момент кога по завршувањето на факултет, родителите почнуваат да те викаат паразит.
Влезе во лошо друштво:
Изговорот на таткото кога синот ќе почне да пуши… цигари.
Водач:
Тој што во црква прв ги детектира клучните зборови за да се прекрсти, а другите го следат.
Висок степен на свест:
Кога 2-3 недели ја лажеш сопругата дека веќе не пиеш алкохол, па почнуваш и самиот да си веруваш.
Кафеански рулет:
Кога во кафеана даваш тура за цело друштво, а не си сигурен дека имаш доволно пари за да платиш.
Глетување:
Нешто најблиско до летување што можеш да си го дозволиш со македонска плата.
Лице на маченик:
Изразот на лицето на маж што се обидува да го стави „југото“ во рикверц.
Извор: Репортер
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


