| четврток, 6 декември 2018 |

Десет дефиниции што ги опишуваат мажите од Македонија

maz

Ако не се пронајдеш во овие дефиниции, најверојатно не си маж од Македонија.

Ванилин шеќер:

Производот што ѝ го носиш на жената/девојката, кога ќе те прати во продавница по печиво. До оваа забуна најверојатно доаѓа затоа што печивото не е во близина на нашите најпотребни намирници: леб, пиво и цигари.

Чепкалка за заби:

Најчестиот десерт на мажите во Македонија, по „дваесетка со кромид“.

Добра:

Ракија за која по првата голтка ти се потребни 2-3 минути за да кажеш – добрааа…

Моментот кога ќе станеш маж:

Тој момент кога по завршувањето на факултет, родителите почнуваат да те викаат паразит.

Влезе во лошо друштво:

Изговорот на таткото кога синот ќе почне да пуши… цигари.

Водач:

Тој што во црква прв ги детектира клучните зборови за да се прекрсти, а другите го следат.

Висок степен на свест:

Кога 2-3 недели ја лажеш сопругата дека веќе не пиеш алкохол, па почнуваш и самиот да си веруваш.

Кафеански рулет:

Кога во кафеана даваш тура за цело друштво, а не си сигурен дека имаш доволно пари за да платиш.

Глетување:

Нешто најблиско до летување што можеш да си го дозволиш со македонска плата.

Лице на маченик:

Изразот на лицето на маж што се обидува да го стави „југото“ во рикверц.

Извор: Репортер

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top