| четврток, 6 декември 2018 |

Гори семејна куќа во Куманово

Пожарникарите од Куманово се уште се на терен и работат на целосно локализирање на пожарот кој избувна во 20 часот и зафати кровна конструкација и горен кат од семејна куќа, лоцирана во близина на Старата Црква во Куманово во тесното градско подрачје.

Во гасењето на пожарот, како што информира командирот на ТППЕ Куманово, Дејан Илиевски, учествуваат седум пожарникари со две противпожарни возила.

Според надлежните, пожарот е ставен под контрола, но на терен се уште е екипа со противпожарно возило. Во пожарот, според информациите на ТППЕ Куманово, нема повредени лица, но причинета е материјална штета.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top