Вештачењето на возилото на новинарот Никола Младенов е завршено и денеска ќе биде доставено на истражен судија, соопшти министерката за внатрешни работи Гордана Јанкуловска.
Судијата го добил и извештајот на судска медицина во кои се наведени причините за смртта на Младенов кој загина во сообраќајна несреќа минатата недела на патот Велес – Скопје, кај клучката кај Хиподром.
– Во однос на суштината и содржината на тоа што е утврдено во вештачењата, прашањата и одговорите ќе мора да ги упатите до истражниот судија, кој е единствен надлежен во овој момент да ја води истрагата. Ние завршивме со крим-техничките вештачења и во текот на денов извештаите за кои добивме наредба да ги направиме ќе му бидат презентирани на самиот истражен судија. Потоа, во зависност од неговите согледувања и сите други информации со кои располага, останува да процени кога, дали и во каква форма ќе ја информира јавноста за деталите на овој случај – изјави Јанкулоска.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
МВР потврди: Лице од битолско виновен за оштетените камења на македонско-грчката граница
-
Тажно сведоштво: Поранешен пожарникар ги откри последните зборови на принцезата Дајана (галерија)
-
Тешка сообраќајка на патот кон Блаце (видео)
-
Сопругот на Јанкулоска: Попрво земјата ќе престане да се врти, отколку Горде да го остави Петар!