| четврток, 6 декември 2018 |

Претепани две момчиња пред гостиварската гимназија

­ Едно 21-годишно момче и еден малолетник на возраст од 16 години, синоќа биле згрижени во гостиварската болница откако биле нападнати од десетина момчиња.

полиција

Според СВР Тетово, поголема група најверојатно средношколци, на улицата „Живко
Брајковски“ пред гостиварската гимназија, нападнале и со клоци и со тупаници удирале еден 16­-годишник. Во обид да го спречи нападот и да го одбрани момчето, се вмешал и 21­-годишен
гостиварец, кој случајно се нашол во близина. Групата се нафрлила и на него, нанесувајќи
му повеќе повреди по телото и по главата. Двајцата побарале помош во гостиварската болница, а повозрасниот е задржан на лекување.

По пријавувањето, гостиварската полиција работи на расветлување на случајот и на идентификување на учесниците.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top