Австралиски воени авиони го изведоа првиот напад врз позициите на Исламска држава во Сирија, соопшти денеска австралискиот министер за одбрана, Кевин Ендрјус.
Ендрјус, како што пренесува Танјуг, изјави дека во нападот е уништен еден оклопен транспортер на џихадистите.
– Нападот, што го изведоа два авиона од типот „хорнет“ на кралските воздухопловни сили на Австралија, претставува продолжение на борбата против Исламска држава, не само на северот од Ирак, туку и на истокот од Сирија, со цел да се елиминираат борците на оваа екстремистичка организација – додаде Ендрјус.
Тој прецизираше дека нападот се случил пред два дена, пренесоа западните агенции.
САД, Канада, Турција и заливските земји веќе изведуваат воздушни напади врз позициите на екстремистите од Исламска држава во Сирија. Франција врши извидувачки летови и се подготвува за првите напади, наведуваат француските медиуми.
Австралискиот премиер Тони Абот минатата недела најави дека Канбера наскоро ќе се приклучи кон воздушните напади на коалициските сили врз позициите на Исламска држава во Сирија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Џихадистите се закануваат со напади во Њујорк за Нова година: 1 јануари е „ден на одмаздата“
-
Македонец подготвувал терористички напад во името на Исламската држава во Италија
-
Сирија: Варварскиот напад нема да нѐ поколеба
-
Кучињата повторно напаѓаат: Тројца каснати од куче во Скопје, меѓу нив и жена што била со малолетно дете