| четврток, 6 декември 2018 |

Апел за помош за шестчленото семејство Давчеви, чија куќа изгоре во пожар

Шестчленото семејство Давчеви од Велес, кое минатата година во пожар го изгубија нивниот дом и сѐ што спечалиле во животот, апелира за помош за обнова на куќата.

Ленче и Велибор заедно со нивните ќеркички, шестгодишната Тина, четиригодишната Сара, двегодишната Стефани и неколку месечната Ивона во моментов живеат во Теово, родното село на Велибор, во трошната куќа на неговата мајка, каде се вратиле по неколку месеци престој кај роднини и без можност да плаќаат кирија во градот. Во полураспаднатата куќа оддалечена 40 километри од Велес, веќе седум месеци живеат во услови кои се под секое човечко достоинство, без вода и струја.

Периодот на дождови  што претстои уште повеќе ја зголемува опасноста по животот на ова семејство. Итно им е потребна помош за обновување на опожарената куќа во Велес која е изградена до карабина, за да пред почетокот  на зимата  да се приспособи за живот барем една соба.

На апелот што го упати оваа семејство до јавноста, засега главно помош добиле од нивните роднини, но и некои добри луѓе кои што им помагаат да ја подигнат куќата во Велес и да обезбедат основни услови за живот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top