Тоа што ги разликува богатите луѓе од просечните во голема мерка е во менталниот состав.
Богатите луѓе размилуваат на друг начин, се однесуваат и избираат поинаку од нас. Во книгата „Тајните на умот на милионерот“, од авторот Т. Харв Екер, се вели дека постои една, само наизглед, безопасна навика која ја имаат „обичните“ луѓе, а тоа е дека сакаме да се жалиме.
– Да се приговара за се е најлошата работа која можете да му ја правите на вашето богатство – вели Екер, пренесува Бизнис Инсајдер. Тој тврди дека приговарањето наведува да се фокусираме на она што не е добро со нашите животи, наместо времето да го користиме на свртување кон она што може да се успее и позитивните работи да привлечат позитивни резултати.
– Кога постојано се жалите, како да ги повикате негативните работи во вашиот живот, смета тој, а уште нешто што влијае на нашиот финансиски успех е опкружувањето, поточно – пријателствата и врските кои ги имаме.
Стив Сиболд, милионер кој има направено повеќе од 1200 интервјуа со богаташи, заклучи дека богатите се многу избирливи во одбирање луѓе со кои ќе се дружат и дека тие избори имаат влијание на нивното богатство.
Екер има слично видување кога зборува за негативната енергија која се привлекува кога се жалиме, затоа што не може да се остане позитивен ако сме опкружени со луѓе кои секогаш се жалат и на кои секогаш „им е тешко“. Исто така, со време се создава навика да се размислува на тој начин, па се фаќате себе си како го чекате својот ред да почнете со своите приговори за сопствениот живот.
– Тоа е круг во кој лесно се влегува – заклучи Екер и порача дека ако ни треба финансиски пресврт и сакаме да напредуваме, мора да престанеме да се жалиме.
– Мора да се избираат своите мисли и зборови и да се потсетуваме сека сами го креираме нашиот живот, смета Екер.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Науката потврди: Пет навики кои можат да ви го продолжат животот
-
Ѕвездите откриваат светла иднина: Овие хороскопски знаци наскоро ќе се збогатат
-
Еве како треба да ја прославите новата 2018 година ако сакате да бидете богати и здрави
-
Путин е на врвот – Рускиот претседател има богатство од над 40 милијарди долари?