Гостиварската полиција поднесе кривична пријава против П.Ѓ.(46) од Гостивар поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба наслужбена положба и овластување“ и „фалсификување исправа“.
Пријавениот како вработен во АД Македонска пошта – Гостивар, на работно место поштар, соопшти денеска МВР, во текот на 2013 и 2014 година ги фалсификувал потписите на 12 лица – примачи на социјална помош и туѓа нега, стекнувајќи се со противправна имотна корист од 78.062 денари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.