| четврток, 6 декември 2018 |

Половина Французи се согласни со Ле Пен за емигрантите

Marine-Le-Pen-estime-que-les-migrants-syriens-ne-sont-pas-persecutes-par-Bachar-el-AssadПовеќе од половина од испитаните Французи сметаат дека крајно-десничарскиот Национален фронт е во право кога ги брани цврстите позиции против приливот на бегалци или други емигранти во Европа, ова според истражувањето за Опинион Веј за МетроЊуз и ЛЦИ.

Во испитувањето објавено денес, 51 отсто од испитаниците веруваат дека на екстремно десничарската партија е „има право да го брани цврстиот став“, додека 48 отсто сметаат дека тоа е „недостиг на хуманост“.

Помалку од една третина од испитаниците (32 отсто) се задоволни од акцијата на владата, која вети дека ќе прифати 30.750 бегалци за две години за да се исполнат барањата на Европската комисија, а 66 отсто не се задоволни, без да дадат појаснување зошто. Приемот на бегалците, сепак, ги дели Французите, ова според разни анкети кои веќе долго време прикажуваат мнозинско непријателско расположение на приливот на мигранти.

Една студија објавена во средата минатата недела покажа дека 53 отсто од испитаните го поддржуваат приемот на бегалците, само нејолку дена од објавувањето на фотографијата на Ајлан, малиот сиириец пронајден мртов на плажата во Бодрум, Турција.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top