| четврток, 6 декември 2018 |

Почнува четвртфиналето во Лил, шлагер е дуелот меѓу Шпанија и Грција

Вечерва со дербито меѓу Шпанија и Грција почнува четвртфиналната програма на Евробаскетот со завршница во Франција. Во Лил од 18,30 часот ќе се судрат двете реномирани европски репрезентации, со многу квалитетни поединци и НБА ѕвезди.

Пау Гасол и Руди Фернандес ги санираа повредите и ќе ја предводат „црвената фурија“ против грчката армада, чиј лидер е Василис Спанулис. Поправен нема и вечерва победникот ќе игра во полуфиналето. Во вториот меч актуелниот шампион Франција е апсолутен фаворит против Летонија. Тој меч ќе почне во 21 часот.

evrobasket 2015

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top