Доскорешниот грчки премиер Алексис Ципрас посочува дека постојат „фундаментални разлики заради кои Сириза и Нова демократија не може да коегзистираат“.
Лидерите на Сириза и на НД, Ципрас и Вангелис Мејмаракис во телевизиската дебата ја одбија можноста за коалицирање на двете паритии по вонредните избори на 20-ти септември.
Според предвидувањата Сириза може да смета на 36, а НД на 31 процент од гласовите, пренесе Ројтерс. Мејмаракис наведува дека е се гледа себе си во влада на Ципрас, иако предложи соработка за важните национални прашања.
И Ципас се изјасни против коалицирање заради „финдаменални разлики“, посочувајќи на можно коалицирање со помалите партии доколку е потребно за формирање на влада.
Дебатата беше насочена кон неопределените граѓани кои според анкетите изнесуваат околу 20 проценти од гласачкото тело.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Расистички скандал во Грција: Коментатор нарече црномурест играч „мајмун“
-
Насилно спречени претставници на СИРИЗА да положат венци во Политехничкиот факултет во Атина
-
Ципрас: Повеќе не постои нелогична употреба на тајните фондови на МНР
-
Нова демократија: Нови разговори со Скопје, ако Сириза не успее да го ратификува договорот