Џ.Р.Р. Толкин, позатиот автор на „Хобитот“ и серијалот „Господарот на прстените“, има истражувано неверојатна приказна за британски фармер кој пронашол стар римски прстен додека орал на својот имот, објавува порталот „Таратур“. Тоа се случи само две години пред објавувањето на „Хобитот“. Прстенот е јавно изложен од неговото пронаоѓање во 1785 година.
Ова парче златен накит пронајдено е во близина на римскиот град Силчестер во Хемпшир (Велика Британија), а Толкин беше повикан да ја истражува целата приказна за историјата на прстенот. Врската помеѓу познатиот писател и прстенот ќе останеше заборавена доколку не беше повторно откриена пред отворањето на изложбата во The Vyneu, имот на Националниот фонд во Хемпшир.
Се смета дека прстенот го открил фармер додека орал на својот имот во близина на римскиот град. Историчарите сметаат дека големиот прстен некогаш бил сопственост на Римјанинот Силваниус кој, откако прстенот бил украден, фрлил клетва врз него. Прстенот е толку голем што може да се носи само преку ракавица, а на него се гравирани и латинските зборови ’Бог да го благослови Сеникианус’.
Се смета дека Толкин, кој тогаш беше професор по англосаксонска историја на Универзитетот во Оксфорд, врз основа на оваа приказна го започнал своето дело ’Хобитот’.
После откривањето, прстенот го купи семејството Chute, кои се долгогодишни сопственици на имотот The Vyneu. Имотот во ’30-те години од минатиот век премина во сопственост на Националниот фонд. Неколку децении откако беше пронајден прстенот, откриена е и плоча со клетва во Лиднеј, некои 160 километри подалеку од местот на кое беше најден прстенот. Сопственикот на прстенот, свесен дека бил ограбен, барал од богот Ноденс да го казни разбојникот. На плочата пишуваше: „Нека немаат здравје сите оние кои го носат името Сеникианус, сè додека тој не го врати прстенот во храмот на Ноденс“. Сеникианус очигледно не стигнал подалеку од полето во Силчестер, каде останал без накитот.
Големиот британски археолог, Сер Мортимер Вилер, ја сфати врската меѓу прстенот и плочата и го повика Толкин да ја истражи етимологијата на името Ноденс.
Со години прстенот со ликот на Венера лежел заборавен во зафрлен агол од библиотеката во The Vyneu. „Барав прстен да им го покажам на посетителите и случајно наидов на ормарот со прстенот на Силвианус. Сфатив дека морам да направам нешто за да ја раскажам неговата неверојатна приказна“, изјави директорот на имотот, Дејв Грин.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.