Во рамки на фестивалот „Денови на македонска музика 2013“, вечерва во Музејот на Град Скопје, со почеток во 20 часот, концерт ќе одржи словенечкото трио „АРС Музика“.
Триото е музички ансамбл редовно присутен на словенечката и европска културна сцена. Формирани се во 2004 година од страна на пијанистката Јернеја Гребеншек, виолинистката Мојца Менори Сикур и виолончелистот Мартин Сикур, непосредно по дипломирањето на Факултетот за музичка уметност во Љубљана.
Нивниот репертоар опфаќа дела од различни стилски периоди, а досега премиерно извеле дела на повеќе словенечки композитори.
Со овој концерт се заокружува трилатералниот проект почнат во 2010 година, кога сојузите на композитори на Србија, Словенија и Македонија се договорија да реализираат серија концерти во секоја од трите земји. Се овозможи македонски, словенечки и српски ансамбли да изведуваат музика од трите земји.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.