| четврток, 6 декември 2018 |

Трипл-дабл за Брајант, 50 поени за Ентони

На двата дерби дуели од синоќешната програма во НБА лигата подобри беа Њујорк Никс од Мајами Хит, како и ЛА Лејкерс од Далас Маверикс, додека Вашингтон го изненади Чикаго.

ЛА Лејкерс убедливо славеа над Далас со 101-81,  во директен дуел за место во плејофот. Коби Брајант стаса до трипл-дабл од 23 поени и по 11 скока и асистенции. Двајт Хауард забележа „дабл-дабл“ од 24 поени и 12 скока.
На овој дуел, свечено беше повлечен дресот со број 34 на Шекил О`Нил, поранешниот центар на Лос Анџелес лејкерс.
sekil
Актуелниот шампион Мајами загуби на свој терен од Њујорк Никс со 90-102. Од 102 поени, дури 50 беа дело на најдобриот кошаркар на Никс, Кармело Ентони, кој на најдобар начин го искористи отсуството на Леброн Џејмс, Двејн Вејд и Марио Чалмерс.
Џеј Ар Смит постигна 14 поени, додека Рејмонд Фелтон уфрли десет поени и девет асистенции. Кај домашните најдобар беше Крис Бош со 23 поени, а 18 поени уфрли Мајк Милер.
Вашингтон во меч со малку кошеви го надигра Чикаго со 90-86. Џон Вол беше на прагот на трипл-дабл со 27 поени, 9 асистенции и 8 скока.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top